Организацијата „Супербренд“ во среда, 10-ти декември, ги прогласи најдобрите брендови во Македонија. Титулата „Супербренд Македонија 2013/2014“ ја добија: Адора Инженеринг, Акцент Компјутери, Авицена Лабараторија, Backstage, DHL, Eлена Лука, Еуро фарм, Еуроимпекс, Еуролинк, Хот-Хот, Идеа Плус, Коузон, Кристал, Монтенегро, Плива, Пропионт, Ре Медика, Секјуриком, Семос, Скопски Саем, Солета, Витаминка, Теа Модерна, Театар Комедија, Телекабел, Трансмет, Универзитет за туризам и менаџмент, Влатко Стефановски, Здравје Радово, Жито Лукс. Најдобрите пазарни марки во Македонија повторно се крунисани со глобалната награда Супербрендс. Супербрендс знакот не е само декорација на производот, туку официјално признание на пазарната марка и шанса на компаниите да освојат нови потрошувачи и да ја задржат лојалноста кај постоечките. Тоа во прв ред е признание за минатиот труд, но претставува голема одговорност за идниот раст и развој, изјави Зоран Саздовски, директор на Супербрендс за Адриатик регионот.
Организацијата „Супербренд“ во среда, 10-ти декември, ги прогласи најдобрите брендови во Македонија.
Титулата „Супербренд Македонија 2013/2014“ ја добија: Адора Инженеринг, Акцент Компјутери, Авицена Лабараторија, Backstage, DHL, Eлена Лука, Еуро фарм, Еуроимпекс, Еуролинк, Хот-Хот, Идеа Плус, Коузон, Кристал, Монтенегро, Плива, Пропионт, Ре Медика, Секјуриком, Семос, Скопски Саем, Солета, Витаминка, Теа Модерна, Театар Комедија, Телекабел, Трансмет, Универзитет за туризам и менаџмент, Влатко Стефановски, Здравје Радово, Жито Лукс.
„Најдобрите пазарни марки во Македонија повторно се крунисани со глобалната награда Супербрендс. Супербрендс знакот не е само декорација на производот, туку официјално признание на пазарната марка и шанса на компаниите да освојат нови потрошувачи и да ја задржат лојалноста кај постоечките. Тоа во прв ред е признание за минатиот труд, но претставува голема одговорност за идниот раст и развој“, изјави Зоран Саздовски, директор на Супербрендс за Адриатик регионот.
Свеченото доделување на дипломи, го заокружува третиот по ред избор на македонски супербрендови, што започна со селекцијата на стручното жири уште во почетокот на 2013 година.
Повеќе од 1.000 домашни и меѓународни брендови, распоредени во 27 категории, се наоѓаа на списокот на финалисти кој е издготвен во соработка со водечките маркетиншки и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процесот на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и преку 8.000 потрошувачи.
На свеченото доделување беше претставено и најновото издание на Супербренд публикацијата. Првпат оваа година, Супербрендовите од Адриатик регионот, обединети се во заедничка публикација и имаат единствена можност својот успех да го презентираат на пазарите во регионот.